Крај на црната серија: Маркез победи за првпат по пауза од 581 ден!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марк Маркез славеше на трката за Големата награда на Германија и оваа победа доаѓа по пауза од 581 ден во Мото ГП шампионатот.

Маркез имаше големи проблеми со повреди, па се оперираше неколку пати и зад него е црн период, но шпанецот славеше на трката во Германија пред Мигел Оливеира, додека на подиумот имаше место и за Фабио Квартараро.

На Маркез ова му беше 11. победа по ред на оваа патека, односно осма по ред во Мото ГП серијата, како и 57. победа вкупно во кралската класа.

Во генералниот пласман прв е Квартараро со 131 поен, второпласиран е Жоан Зарко со 109 бодови, а трет е Џек Милер со 100 бода.