Крај на една ера: Браќата Гасол заминаа во репрезентативна пензија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Браќата Пау и Марк Гасол официјално се збогуваа од кошаркарската репрезентација на Шпанија. Светскиот првак изгуби во четвртфиналето на Олимписките игри во Токио од САД и тоа беше последен меч за легендарните кошаркари.

Пау од репрезентацијата заминува на 41 година, а за Шпанија дебитираше во далечната 2001 година и од тогаш беше дел од сите успеси.

Познатиот центар минатата сезона заврши во Барселона, а засега не е познато дали ќе игра и наредната сезона или официјално ќе се пензионира.

Марк е пет години помлад, а до државниот тим стигна во 2006 година. Како и брат му, и тој беше дел од тимот и играше важна улога во многу успеси.