Крај на една ера: Пепе замина во пензија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот Пепе реши да ја заврши фудбалската кариера на 41-годишна возраст, а тоа го потврди преку видео порака на социјалните мрежи.

Пепе во кариерата играше за Реал Мадрид, Порто, Бешикташ и Маритимо, а од крајот на минатата сезона е слободен играч, по што реши да се повлече.

Португалецот го одигра последниот меч на Европското првенство во Германија, каде што постави рекорд како највозрасен учесник во историјата на турнирот.

Пепе заминува во пензија со 27 освоени пехари во кариерата.