Крај за Роберто Манчини во Интер, познат и наследникот?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роберто Манчини заминува од Интер во тек се преговори околу оштетата, а изгледа дека е познато и кој ќе биде нов тренер!

Роберто Манчини не го преживеа летоо во Интер., После серија на конфликти со претседателот и малцинскиот сопственик Ерик Тохир, вечерва ќе стане поранешен тренер на клубот.

Имено, „Манчио“ беше незадоволен од се, од преодниот рок до фактот дека ова му е последна сезона од договорот.

Зборуваше за продолжување, но се чини дека нерешливи се разликите. Катастофата со Тотенхем дополнително ја отежни ситуацијата, со тоа Кинезите кои откупија мнозински дел од акциите ги игнорираа неговите барања околу доведување на Туре, Насри и Забалета.

Таа негативна клима се одрази на екипата, сега е јасно дека разделбата е на чекор.

Во текот на попладневното адвокатите на Интер и Манчини пробаа да пронајдат формула за раскин на договорот.

Италијанскиот стручнак во оваа сезона требаше да заработи околу 4.5 милиони евра, веројатно ќе му биде исплатен дел од парите, а тој ќе поднесе оставка.

Веќе е познат наследникот, блиску на клупата е Франк Де Бур. Тој е желба на Тохир откако го купи клубот од Морати и сега се стекнаа услови за Холанѓанецот да седне на клупата на црно-сините.

Имено, поднесе оставка и замина од Ајакс после изгубената титула во последниот меч од минатата сезона, сега е спремен и ќе потпише судејќи по се тригодишен договор со италијанскиот клуб.