„Кралевите“ не сакаат да ризикуваат: Зидан без важен играч ќе игра на шпанскиот Суперкуп

Реал Мадрид ќе заигра ослабен на шпанскиот Суперкуп, кој ќе се одржи во Саудиска Арабија затоа што белгиската ѕвезда Еден Азар го повреди скочниот зглоб пред еден месец и уште не се рехабилитира.

Азар во финишот од мечот против ПСЖ мораше да биде заменет и стана јасно дека заработил сриозна повреда, па би требало да паузира до средината или крајот на јануари.

Шпанскиот гигант не сака да ризикува и да го врати Азар порано на теренот, односно на натпреварите на шпанскиот Суперкуп, зашто Белгиецот би можел да ја обнови повредата.

Да потсетиме, Суперкупот почнува на осми јануари и се игра во Џеда, а тренерот Зинедин Зидан реши Азар да остане во Мадрид.