„Кралот“ Лазаров се збогуваше со Нант! (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската ракометна легенда Кире Лазаров вчера го одигра последниот меч во францускиот шампионат во дресот на Нант и постигна три гола во победата против Тулуз (32-18).

Лазаров се збогуваше со домашните навивачи, откако реши да ја заврши кариерата на крајот на сезоната, па му останува уше дуелот против ПСЖ во францускиот Куп на 11 јуни.

Македонскиот ракометар долги години беше дел од европскиот врв, а во Нант пристигна во 2017 година, додека синоќа имаше кралско збогување од францускиот тим.

Лазаров на паркетот го пречекаа кралска круна и стол, додека навивачите исто така имаа круни на главите и го поздравија селекторот на Македонија.