Криза на „Енфилд“: Изјавата на Клоп ги загрижи навивачите на Ливерпул


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Долго време се шпекулира за засилувањата на Ливерпул летово, а сега тренерот Јирген Клоп малку ги загрижи навивачите.

Клоп во изјава за англиските медиуми кажа дека екипата нема да брза со засилувања и дека многу фактори ќе бидат во игра.

„Работата зависи од тоа дали некој од играчите ќе замине. Нема да брзаме. Уште е рано да зборуваме за тоа“, вели Клоп.

Дел од англиските медиуми објавија дека Ливерпул има финансиски проблеми посебно по приказната за Суперлигата и дека ситуацијата на „Енфилд“ не е добра.

Клубот треба прво да реши што ќе се случи со Мохамед Салах, кој е голема желба на Челси и ПСЖ, а Египќанецот би можел да ја наполни касата на „црвените“.

На Ливерпул му требаат промени, а покрај оваа изјава на Клоп, дополнителна нервоза кај навивачите создава и тоа што тимот уште не обезбедил место во Лигата на шампиони (ЛШ) следната сезона.