Криза во Торино: Роналдо ќе си замине ако Јувентус не избори пласман во ЛШ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најголемата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо би можел да го напушти клубот ова лето, а информацијата ја пренесува „Калчомеркато“.

Португалецот би можел да замине доколку неговиот тим не избори пласман во Лигата на шампиони (ЛШ), а причина за заминувањето на Роналдо се финансиите.

Роналдо во Јувентус заработува 30 милиони евра годишно, односно 22 милиони евра повеќе од вториот најплатен играч во клубот, Матијас де Лихт.

Јувентус во моментов е на петта позиција во Серија А со 69 бодови и има еден бод помалку зад четвртопласираниот Наполи и место кое води во ЛШ.

„Старата дама“ до крајот на сезоната ќе мора да игра со Интер на домашен терен, а има гостувања и против Сасуоло и Болоња.