Кулибали призна: Нема да лажам, парите одиграа голема улога да потпишам за Ал-Хилал!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Калиду Кулибали пред неколку дена го напушти Челси и се пресели во Саудиска Арабија, односно тимот на Ал-Хилал.

Сенегалецот во разговор со медиумите призна дека една од причините поради кои се преселил во С. Арабија се парите.

„Парите се важен фактор, нема сомнеж во тоа. Нема да лажам, овде ќе заработам добро и ќе му помогнам на моето семејство. Имам роднини кои живеат во лоши услови, па вака сакам да им обезбедам подобра иднина“, кажа Кулибали.