Куртоа: Често ме потценуваа, но конечно заслужив почит!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Белгискиот голман Тибо Куртоа беше херојот на Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ), откако одбрани сè што требаше против Ливерпул.

Куртоа ги спасуваше своите колеги од ПСЖ, Челси и Манчестер сити во претходните дуели, а сега и против Ливерпул, па заслужено доби пофалби за неговите настапи.

Беглиецот кажа дека често бил понижуван во минатото од навивачите поради неговите грешки, но сега конечно заслужил почит.

„Често гледав навреди на моја сметка и често бев понижуван од навивачите. Многу ме потценуваа, а се случи спроитвното. Тоа ми тербаше, сега конечно добив почит“, кажа Куртоа.