Куртоа не им посветува внимание на критиките: Јас сум еден од најдобрите на светот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгијскиот голман Тибо Куртоа не им посветува внимание на критиките кои го демнеат откако пристигна во Реал Мадрид.

Да се потсетиме, тој во Мадрид стигна во летниот преоден период во 2018. година и успеа да го замени Кејлор Навас кој до тогаш беше прв избор за голот на Реал Мадрид, но мораше да замине бидејќи клубот се одлучи за Белгиецот.

Сепак, Куртоа не ја оправда сумата која беше вложена во неговиот трансфер и се соочи со огромен број на критики. Во интервјуто за АС Спорт тој изјави дека не им посветува внимание на нив.

„Не ги читам новостите, посветувам внимание само на тоа што ќе ми го каже мојот тренер, или тоа што ќе го кажат моите соиграчи или пак тие што знаат што значи да се биде голман. Не се сомневам во себеси, јас сум еден од најдобрите голмани на светот и најчесто сум критикуван поради тоа. Смирен сум, добро тренирам, имав добри одбрани против Селта, Севиља, Атлетико но и на други натпревари“, изјави Куртоа.

Тој исто така кажа дека ја има целосната поддршка од тренерот Зинедин Зидан.

„Моментално имам одбрани на високо ниво и морам така да продолжам. Зидан ми кажа дека мора да останам сконцентриран. Отсекогаш веруваше во мене.“

Тој секогаш цели кон победа.

„Повеќе би сакал победа од 4:3, отколку реми од 0:0, и покрај тоа што за еден голман најдобро е да не прими гол. Секогаш е подобро да ја сочувате мрежата бидејќи медиумите веднаш ќе ве „убијат“ со статистиките без анализа зошто се примени тие голови“, додаде Белгиецот.