Кварезма прави изненадувачки трансфер и тоа надвор од Европа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Некогаш го сметаа за поголем талент од Кристијано Роналдо, но Рикардо Кварезма секогаш ќе остане запаметен како фудбалер кој никогаш не блеснал во полн сјај.

Крилниот играч од ова лето настапува во Касимпаша по лошата разделба со предходниот клуб Бешикташ, чиј дрес го носеше полни четири сезони.

По пишувањата на португалските медиуми, Кварезма формално го дели само потпис од трансфер во бразилски Сантос. Еден од клучните луѓе кои го договориле овој трансфер е новиот тренер на бразилскиот великан Хесуалдо Ферерира кој меѓу првите го лансираше актиелниот првак на Европа на голема сцена.

Трансферот треба да се реализира без оштета, со оглед дека договорот му завршува на лето.

Кварезма на лето ќе има шанса со својата Португалија да ја одбрани титулата на Европа, а на Европското првенство ќе бидат сместени во групата на смртта со Франција, Германија и победникот од баражот од Лига на нации од група А.