Квитова ја реши Рибакина и ја освои титулата во Мајами


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чешката тенисерка Петра Квитова го освои Мастерсот во Мајами, откако во финалето беше подобра од Елена Рибакина со 2-0 во сетови, односно 7-6 и 6-2 по еден час и 42 минути игра.

Највозбудливо беше во првиот сет, кога Квитова успеа да ја надигра противничката во тај-брејкот, иако и Рибакина имаше шанса за такво нешто, но не искористи сет-топка.

Во вториот сет Рибакина го загуби здивот, а тоа го искористи Квитова за да ја декласира со 6-2 и да го освои пехарот.