Квотербекот на Канзас сити ќе добие – пола милијарда долари!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Патрик Махомс, квотербекот на Канзас сити, договори продолжување на соработката на 10 години, и тоа за сума од 45 милиони долари по сезона, односно вкупно 450 милиони долари.

Махомс е најзаслужен што Канзас сити по половина век ја освои титулата во американски фудбал, а тој беше МВП на лигата, а потоа и МВП на Суперболот.

Иако ова уште не е официјално, јасно е дека Махомс ќе стане сопственик на најголемиот договор во историјата на спортот. Дел од медиумите пишуваат и за уште поголема сума од 503 милиони долари.

И покрај фантастичниот договор Махомс нема да биде најплатен по сезона, зашто пред него е Расел Вилсон со плата од 53 милиони долари годишно.