Лалана ги одбил Арсенал и Тотенхем, сака да продолжи само во еден клуб од Премиер лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Адам Лалана ќе си оди од редовите на Ливерпул по крајот на оваа сезона. Договрот со искусниот фудбалер од средниот ред истекува по крајот на сезонава, па играчот без оштета ќе си оди од „Енфилд“.

За него голем интерес имаше од Тотенхем и Арсенал кои го посакуваа играчот во своите редови, меѓутоа тој одбил можност да се пресели во Северен Лондон поради еден клуб од Премиер лигата.

Станува збор за Лестер кој одлично се држи оваа сезона и се наоѓа на третата позиција на табелата и има големи шанси да се избори за настап во Лигата на шампионите следната сезона доколку сезоната се доигра.

Дополнително, во Лестер тренер е Брендан Роџерс кој соработуваше со Лалана во редовите на Ливерпул.