Лампард добива 150 милиони фунти за трансфери во летниот преоден рок


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Челси е подготвен да му даде на Френк Лампард  шанса да го промени составот во летниот преоден рок.

„Ивнинг Стандард“ пишува дека раководството на клубот ќе му обезбеди 150 милиони фунти на Лампард за нови играчи во летниот период.

Челси не купи ниту еден фудбалер во јануари иако им беше укината трансфер забраната, па ќе мора да носи фудбалери за да ја подобри ситуацијата во клубот.

„Сините“ се поврзуваат со Џејдон Санчо, Тимо Врнер и Муса Дембеле и јасно е дека 150 милиони фунти ќе бидат премалку  за ангажман на повеќе играчи.