Лампард имал тајно интервју, ама загубил од Џерард!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот тренер и фудбалер на Челси, Франк Лампард бил во конкуренција за тренерската позиција во Астон вила, но загубил од неговиот ривал Стивен Џерард.

Лампард имал тајно интервју со премиерлигашот за тренерската позиција, но потоа во англиските медиуми се појави името на Џерард, кој беше фаворит за кормилото на тимот откако претходно со многу успех го предводеше Ренџерс.

Сепак, ништо не е загубено за Лампард кој се поврзуваше со тренерското столче во Норич, иако ја одби таа понуда, а претходно разговарал и за работа во Кристал Палас.

Очигледно Англичанецот нема проблеми да пронајде работа, но има проблем да го пронајде вистинскиот предизвик за него, па засега ќе остане слободен.