Лејкерси се посрамотија дома, а Лука Дончиќ сакаше да се тепа со противникот (Видео)

Кошаркарите на ЛА Лејкерс се посрамотија на својот терен во натпреварот против Чикаго Булс. Гостите на овој натпревар им дадоа 146 поени на домаќините и на крајот славеа со дури 31 разлика.

Домаќините целосно се распаднаа во последниот дел од играта. Чикаго по првото полувреме имаше предност од три поени и никој на крајот не можеше да очекува ваков резултат.

Гостите почнаа да создаваат предност во третата четвртина, а за домаќините ќе беше подобро последната четвртина да не се играше.

Иако неговиот тим загуби, Лука Дончиќ одигра многу добар натпревар и постигна 34 поени, а додаде и осум скока и три асистенции.

Тоа не им помогна на Лејкерсите, исто како и враќањето на Леброн Џејмс кој постигна 17 поени, имаше шест скока и четири асистенции.

Дончиќ беше многу нервозен, а тоа го покажа во еден момент кога за малку ќе се тепаше со противникот, а за сето тоа доби некоректна лична грешка.

.