Леао: Сакаме да ја освоиме Лига Европа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Милан, Рафаел Леао кажа дека фудбалерите се среќни што ќе играат во Лига Европа на пролет, откако беа во лоша позиција и можеа да испаднат од европските купови.

Победата на Милан на гости кај Њукасл им помогна на „росонерите“ да напредуваат до третата позиција во групата.

„Сакавме да продолжиме во Лига на шампиони, но изборивме место во Лига Европа и ќе се обидеме да ја освоиме затоа што тоа е трофеј кој Милан никогаш не го освоил“, кажа Леао.