Леброн Џејмс не го остава Трамп на мир, па му зададе нов болен удар! ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот кошаркар во светот, Леброн Џејмс продолжи да го провоцира поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Откако тој ги загуби изборите по првиот мандат, ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс имаше јасна порака до него.

Леброн објави најпрво монтирана фотографија на која Џо Бајден го блокира обидот на Трамп од постигнување поени, а сега на Твитер го цитираше популарниот актер Џим Кери.

Трамп и Џејмс водат борба од претходно, а Леброн беше изнервиран поради тоа што поранешниот прв човек на САД кажа дека нема да гледа натпревари ако види кошаркари кои клечат за време на химната во НБА-лигата.

Џејмс и претходно се „закачи“ со Трамп, кој му порача дека НБА-лигата станала како „политичка организација“.