Леброн Џејмс подобар во дуелот со Дончиќ 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


НБА тимовите и за Божиќ играат натпревари, а минатата ноќ Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен беше подобар од Далас маверикс со 138-115.

Ова беше прва победа за актуелниот шампион во новата сезона во НБА, откако минатиот меч против Лос Анџелес Клиперс го загубија.

Од самиот почеток Лејкерси беа подобра екипа, а после првата четвртина водеа со 33:30. На полувреме се замина со резултат 69:57 и беше јасно дека Далас тешко ќе направи нешто повеќе со Стејплс центарот.

До крајот на натпреварот Лејкерси ја чуваа предноста која растеше од напад во напад и на крај дојдоа до триумфот. Најефикасен кај Лејкерси беше Ентони Дејвис со 28 поени, 5 асистенции и 9 скока, додека по 22 уфрлија Леброн и Монтрези Харел. Кај Далас Дончиќ постигна 27 поени, 7 асистенции и 3 скока.