Леброн Џејмс стана шести спортист чија заработка стигнал до милијарда долари!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарската ѕвезда Леброн Џејмс стана шести спортист кој во текот на кариерата заработил повеќе од милијарда долари.

Џејмс стигнал до милијарда долари со приходите од актерската улога која ја оствари во филмот „Спејс Џем“, кој почна да се емитува во кината.

Според проценските, актуелниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс во текот на своите 18 години минати во НБА-лигата заработил околу 330 милиони долари, додека 700 милиони заработил од спонзорства и други инвестиции.

Пред Џејмс до милијарда долари во кариерата стигнаа Тајгер Вудс, Флојд Мејведер, Роџер Федерер, Кристијано Роналдо и Лионел Меси.