Леброн Џејмс за малку ќе ја напуштел НБА за да игра во НФЛ! 🎥


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Леброн Џејмс се подготвува за новата сезона во НБА-лигата и потенцијален напад на прстенот со Лос Анџелес Лејкерс, но легендарниот кошаркар откри дека за малку можел да го промени спортот.

Џејмс откри дека имал две сериозни понуди да заигра во НФЛ-лигата, па вие замислете го Леброн во огромна опрема како игра американски фудбал.

Тоа можело да се случи во 2011 година, кога Џејмс ги добил понудите од НФЛ-лигата. Ѕвездата на Лејкерс им се приклучил на Пејтон и Ели Менинг во емисија на „ЕСПН“ и откри дека го барале Сиетл сихокс и Далас каубојс.

„Тоа е вистина. Газдата на Далас, Џери Џоунс ми понуди договор, а исто така и тренерот на Сиетл, Пит Керол. Тоа ми го забрза пулсот и размислував за понудите. Уште ги имам и дресовите кои ми ги испратија во 2011 година“, вели Џејмс.