Леброн му скрши на млад кошаркар, а тој како бесен бик го бркаше за да го тепа! 🎥


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Оваа сезона тензиите почнаа многу порано од претходната сезона, а минатата ноќ ни донесе голем инцидент на мечот меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Детроит Пистонс.

Во тек на мечот меѓу Детроит и Лејкерс, Леброн Џејмс неспортски го удри крилниот центар на противниците, Ајзеа Стјуарт, кој има само 20 години и така му ја скрши аркадата.

По почетниот шок и извинувањето на Леброн, Стјуарт збесна и почна да се кара со него, а потоа неколку минути го бркаше по паркетот за да го истепа.

Стјуарт по теренот ги туркаше помошниците, паѓаше, се туркаше, но не се откажуваше за да стигне до противникот и да му одржи лекција за неспортскиот удар.