Леброн се „изгуби“ на паркетот, Дончиќ го збудале најдобриот кошаркар во НБА


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Далас маверикс на гостувањењето во Лос Анџелес триумфираа со 109-104, а најголема заслуга за тоа има Лука Дончиќ.

Словенецот го заврши натпреварот со 25 поени, осум скокови и пет асистенции, а во најважните моменти презема одговорност и постигна важни поени.

Дончиќ во последната четвртина лесно излезе на крај со Џејмс, кој не можеше да ги следи дриблинзите на 15 години помладиот колега.

Меѓутоа најатрактивниот потег на мечот се случи во првото полувреме, кога кошаркарот на Далас го имаше и најдоброто забивање во кариерата.

Дончиќ стигна до промашувањето на неговиот колега за три поени, па преку Двајт Хауард успеа да постигне два поени.