Леброн со 48 поени го предводеше Лејкерс до триумф (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лос Анџелес лејкерс славеа против Хјустон рокетс, а до победата ги предводеше Леброн Џејмс со 48 поени, девет асистенции и осум скокови.

Леброн така го урна претходниот рекорд на сезоната, откако пред Нова година постигна дури 47 поени.

На средбата можеше да се забележи и интересна средба меѓу Леброн и вториот пик на драфтот, Смит Јуниор, кој го потсети легендарниот кошаркар дека играл против татко му.

Американскиот кошаркар без разлика на годините сè уште е меѓу најдобрите во светот, а на вечната листа има 38.024 поени, па пред него е само Карим Абдул-Џабар со 38.387 поени.