Леброн: Збеснав затоа што имав само 16 гласови во борбата за МВП!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Леброн Џејмс по првиот меч во финалната серија на Западната конференција во НБА-лигата и триумфот против Денвер зборуваше за гласањето за најкорисен кошакар во натпреварувањето.

Втора година по ред за МВП е избран Јанис Адетокумпо од Милвоки бакс, а многумина не се сложуваат со овој избор.

Џејмс од друга страна смета дека гласањето според него било неправедно.

„Збеснав. Тоа е мојот вистински одговор. Збеснав затоа што од 101 глас добив само 16. Тоа ме лути повеќе од било што друго. Нема да зборувам за критериумите за избор на најдобар, тоа се промени откако јас дојдов во НБА. Некогаш најдобриот играч беше од најдобриот тим, некогаш е тој со најдобра статистика…“, вели Џејмс.