Легенда го советува Хамес: Да сум на твое место, би избегал од Реал Мадрид!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хамес Родригез мора итно да го напушти Реал Мадрид, барем така смета колумбиската ѕвезда Карлос Валдерама.

Хамес не се наоѓа во плановите на Зинедин Зидан, па сезонава одигра само 13 натпревари и најчесто се наоѓа на клупата за резерви или на трибините.

„Родригез е доволно голем за да носи одлуки сам. Да сум на негово место, би избегал од Реал. тој е доволно добар фудбалер да игра во било кој клуб. Јас не би се сомневал во тоа ниту на момент. Хамес е одличен фудбалер и тоа го докажа повеќе пати“, кажа Валдерама.

Валдерама и претходно го советуваше талентираниот играч да замине од Реал, откако претходно Зидан кажа дека не го сака во клубот.