Легенда на Ливерпул замина во пензија, па почна необичен бизнис и заработува милиони


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот дански репрезентативец Даниел Агре важеше за одличен фудбалер, а по крајот на кариерата реши да се посвети на неговиот бизнис.

Агер ги помина најдобрите денови во дресот на Ливерпул за кој играше осум години, а потоа се врати во Брондби во 2014 година, по што се пензионира.

По само две сезони Агер реши да се повлече од професионалниот фудбал, па реши да отвори неколку бизниси во Данска, а еден од нив се покажа како полн погодок.

Агер во 2013 година ја создаде фирмата „КлоАгер“ која се занимава со одржување на јавни тоалети во Данска, а овој бизнис во претходните години му донесе милиони евра.

Данските медиуми пишуваат дека Агер се посветил и на тренерска кариера, па веќе полагал за лиценци.