Легендарен Американец признава: Овие услови се совршени за Ѓоковиќ!

Прославениот американски тенисер Џон Мекинро ја анализираше играта на српскиот ас Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на Ролан Гарос.

Ѓоковиќ по пресврт го совлада Пабло Карено Буста и избори 10 полуфинале во Париз, а поранешниот гренслем-шампион Џон Мекинро вели дека бил убеден во триумф на Србинот, и покрај сите проблеми.

„Овие услови се тешки и се играат турнирите на три добиени сета. Нормално е дека ќе има грчеви и болки. Не може да се избегнат тие работи. Тој напаѓа гренслем-титула и ако игра со Рафа во финале, што многумина сметаат дека ќе се случи, овие услови совршено му одговараат“, вели Мекинро.