Легендата на Реал, Гути Хернандез го пронајде својот прв тренерски ангажман


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Легендарниот везен фудбалер на Реал Мадрид, Гути Хернандез го пронајде својот прв тренерски ангажман.

Гути, кој порано работеше како асистент во Бешикташ и како тренер во јуниорскиот тим на Реал, вчера официјално беше претставен како нов шеф на стручниот штаб на Алмерија.

Се работи за тим кој се натпреварува во втора лига во Шпанија, во овој момент го држи второто место и секако дека има амбиција да се врати во друштвото на најдобрите.

Гути првиот тренинг со овој клуб ќе го одржи денес после пладне, а првиот натпревар го очекува овој викенд против Реал Сарагоса.

Тој на официјалниот профил на овој клуб беше претставен со знакот на Бетмен во небото со бројот 14. Секако, со тоа се алудира на бројот кој Гути го носел за време на неговата долгогодишна кариера во редовите на Кралевите.

43 годипниот тренер во својата играчка кариера 15 години го носеше дресот на Реал, а покасно играше за Бешикташ. За репрезентацијата има запишано 13 натпревари и три погодоци.