Лејкерс доживеа дебакл против Мемфис, пораз и за Портланд


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс доживеа дебакл против Мемфис (88-105). Иако гостите беа комплетни, неочекувано загубија, но и понатаму се лидери на Западната конференција, додека Мемфис се бори за последното место кое води во плејофот.

Морант со 27 поени и 14 асистенции го предводеше Мемфис до победа, додека Брукс додаде 24, а од друга страна Леброн Џејмс постигна 19 поени, осум скокови и 10 асистенции кај гостите.

Портланд запиша уште еден пораз без Лилард, а овој пат од Атланта (117-129). Трае Јанг постигна 25 поени и 15 асистенции, додека кај Портланд најдобар беше МекКолум со 35 поени.

Неизвесно беше и на дуелот меѓу Сан Антонио и Орланд, каде што домаќинот славеше со 114-113, Голден Стејт победи протиф Феникс со 115-99, додека Хјустон беше подобар од Бостон со 111-110.

На останатите натпревари Мајами го совлада Бруклин со 116-113, а Кливленд загуби од Индијана со 104-113.