Лејкерс го растури Мајами во првиот меч од големото финале! ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лос Анџелес лејкерс води со 1-0 во финалето на НБА-лигата, откако во првиот меч го победија Мајами хит со 116-98.

Мајами одлично го отвори мечот и имаше водство од 25-12, но потоа полека почнаа да го губат ритамот и Лејкерс почна да доминира.

Лејкерс до крајот на првата четвртина го презема водството, кое го испушти уште еднаш во втората четвртина, но до крајот на мечот го уништи противникот. Разликата во еден момент изнесуваше 32 поени, а на крајот Мајами успеа да намали на попристојни -18.

Дополнителен проблем за Мајами е тоа што им се повредија Горан Драгиќ и Џими Батлер, па најверојатно нема да играат во следните неколку меча.

Леброн Џејмс беше најдобар кај Лејкерс со 25 поени, 13 скокови и девет асистенции, додека Ентони Дејвис постигна 24 поени и девет скокови.