Лејкерс загуби од Голден Стејт, но Леброн Џејмс испиша историја!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во драматична завршница Голден Стејт вориорс славеше против Лос Анџелес лејкерс во дербито на Западот со 117-115, а најзаслужен за победата беше Клеј Томпсон со 33 поени, додека Леброн Џејмс испиша историја.

Неверојатниот Џејмс беше најефикасен во својата екипа со 26 постигнати поени, 15 скокови и осум скокови, па така стана кошаркар со најмногу поени во историјата на НБА-лигата.

Американецот по мечот против Голден Стејт стигна до 44.152 поени во кариерата и така стана најефикасен играч во историјата на најсилната кошаркарска лига, откако зад себе го остави Карим Абдул Џабар со 41.149 поени.