„Л’Екип“: Нејмар преговара со Манчестер јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед планира да ангажира неколку засилувања за следната сезона со кои ќе може да го нападне трофејот во Премиерлигата.

Едно од засилувањата би можел да биде бразилскиот репрезентативец Нејмар, објави „Л’Екип“, откако Манчестер јунајтед веќе ги почнал преговорите со ѕвездата на ПСЖ.

Според информациите, преговорите биле во напредна фаза и во следниот период треба да потпишат договор двете страни.

„Ѓаволите“ биле заинтересирани за позајмица, но ПСЖ не се согласил со тоа и сакал да го продаде Бразилецот, а засега не е познато колку пари ќе издвои премиерлигашот за неговиот трансфер.