Ленард избра - се враќа во родниот град и ќе игра заедно со Пол Џорџ!

Американските медиуми пишуваат дека Кави Ленард донел конечна одлука за неговата иднина, па потпишал договор со Лос Анџелес Клиперс.

Откако го однесе Торонто репторс до историската титула во НБА-лигата, Ленард стана слободен кошаркар, а постоеше можност да потпише нов договор со неговиот клуб,но сепак се реши да се врати во родниот град.

Оваа франшиза не губеше време, па ги обезбеди услугите и на одличниот крилен кошаркар Пол Џорџ, кој ќе му прави друштво на Ленард.

Американскиот новинар Адријан Војнаровски соопшти дека Клиперс го обезбедиле потписот и на Џорџ, а во Оклахома ќе испратат двајца свои кошаркари.