Летаа боксови на сите страни: Пикфорд се истепа со навивачи пред ноќен клуб! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека еден од најдобрите голмани во Англија и чувар на мрежата на Евертон, Џордан Пикфорд во Сандерленд се истепал со неколку навивачи пред ноќен клуб.

Фановите  постојано се шегувале на негова сметка, па Пикфорд тоа повеќе не можел да го поднесе и поради тоа ги нападнал навивачите со боксови.

Евертон веднаш почна истрага поради целиот инцидент, кој се случи пред ноќниот клуб во Сандерленд, а за среќа пријателите на Пикфорд успеале да спречат поголем инцидент.

Не е познато што ќе се случи засега со голманот, но англиските тимови не толерираат вакви случки, па најверојатно младиот голман ќе добие парична казна поради тепачката.