Левандовски побара трансфер од Баерн Минхен зашто сака да потпише за Реал Мадрид?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот медиум „АС“ објави дека Баерн Минхен ќе се раздели со Роберт Левандовски на крајот на сезоната, откако Полјакот побарал трансфер за да може да се пресели во Реал Маадрид.

Медиумот објави дека полскиот напаѓач сака да потпише за „кралскиот клуб“ со кој се поврзуваше веќе неколку години, но никогаш не го реализираше трансферот.

Левандовски зборувал со неговиот менаџер Пини Захави и му кажал дека сака негова следна дестинација да биде Мадрид, па сега се очекува понуда од шпанскиот гигант.

Реал Мадрид следното лето планира да реализира неколку трансфери, како што се тие на Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд, кои ќе бидат приоритет наместо 33-годишниот напаѓач.

Доколку не успеат да го ангажираат Халанд, „кралевите“ можеби ќе тргнат по Левандовски, но се поставува прашањето дали е тоа добар избор со оглед на тоа дека веќе во екипата ги имаат Карим Бензема, Винисиус Жуниор, а може да стигне и Мбапе.