Левин ниту со 51 поен не успеа да го спаси Чикаго (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минатата ноќ беа одиграни неколку натпревари во НБА-лигата, при што до победа стигнаа Филаделфија против Торонто со 114-107, како и Детроит против Чикаго со 118-102.

Филаделфија триумфираше против Торонто со 114-107, а до победа ги предводеше Џоел Ембид со 34 поени, девет скокови и осум асистенции.

Сепак, во центар на внимание беше Зек Левин кој постигна 51 поен во поразот на Чикаго кај Детроит со 102-118. Во победничкиот тим најефикасен беше Канингам со 25 поени и 10 асистенции.

На останатите натпревари, Вашингтон го совлада Мемфис со 113-106, Феникс беше подобар од Јута со 126-104, Индијана го нокаутира Кливленд, а Њу Орлеанс славеше на гости кај Њујорк со 96-87.