Лидс подготвува сензација: Не ни треба Ибра, ќе го ангажираме Кавани!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лидс, каде што настапува македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, по 16 години конечно се врати во Премиерлигата, а следната сезона не планираат да се борат за опстанок, туку имаат многу поголеми амбиции.

Газдата на тимот, Андреа Радицани се обиде да го ангажира Златан Ибрахимовиќ, но откако не успеа во неговата намера, тој ќе тргне по потписот на Едисон Кавани.

„Ибра е тешка мисија за нас. Не успеавме да го ангажираме во јануари, а сега мислам дека е доцна. Од друга страна, Кавани е фудбалер кој со своето искуство може да им помогне на останатите фудбалери на тимот…“, кажа првиот човек на Лидс.