Листа на најбогати кошаркари: Џејмс „спие на пари“, а Адетокумпо е единствен Европеец во топ-10


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американскиот магазин „Форбас“ објави листа од најбогати луѓе во светот, како и од спортисти, па така во НБА-лигата на врвот е легендарниот Леброн Џејмс кој има заработка од 124,5 милиони долари, односно 44,5 милиони од кошарка.

По него следи Стеф Кари со 95, милион евра, односно 48,1 милион долари заработени од кошарката, додека на третата позиција е Кевин Дурант со 88 милиони долари, односно 43 заработени од кошарка.

Интересно е тоа што втора година по ред единствен Европеец во топ-10 листата најбогати кошаркари во НБА-лигата е Јанис Адетокумпо, кој се наоѓа на четвртата позиција.