Ливерпул добива ѕвер: Клоп купува дефанзивец кој трча со брзина од 36 км/ч


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот тренер Јирген Клоп ќе се обиде на лето да ја засили екипата, а приоритет ќе му биде одбраната.

Клоп е заинтересиран за Мики ван де Вен, кој го носи дресот на Волфсбург, а неговата брзина ги воодушеви сите.

Овој 22-годишен фудбалер трча со брзина од 35,87 км/ч, а тоа е импресивна брзина и може да ја искористи како предност во Премиерлигата.

Холанѓанецот оваа сезона одигра 35 меча, а Волфсбург за негов трансфер ќе бара 30 милиони евра.

Во Волфсбург стигна во 2021 година за само 3,5 милиони евра, па бундеслигашот ќе добие голема заработка.