Ливерпул – Еден Велшанец замина, со другиот сеуште не знаат што да прават


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Бен Вудбурн оди на ново калење, овој пат ќе игра за Оксфорд во Лига еден, трето натпреварување по ранг на Англија.

Момчето на кое му се предвидува голема иднина минатата сезона беше на позајмица во Шефилд Јунајтед.

Што се однесува на неговиот земјак Хери Вилсон, кој одлично се покажа минатата сезона на позајмицата во Дерби, а Ливерпул ја одби понудата од Њукасл.

Стив Брус сакаше да го доведе на позајмица, но Јирген Клоп смета дена нова позајмица не е опција за Вилсон.

Германецот верува дека неговата судбина мора да биде решена ова лето, а бидејќи конкуренцијата на Енфилд е преголема, зборовите на Клоп се јасни, тој мора да биде продаден.

Се чини дека Вилсон е на излезните врати, а Ливерпул е спремен да го продаде за 20 милиони фунти.