Ливерпул наскоро доведува пеколен тандем?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англиските медиуми се се погласни, Хрватот и Бразилецот ќе пристигнат на “Енфилд”.
Како што пренесува “Скај Спорт” повикувајќи се на проверени извори, Матео Ковачиќ и Лукаш Моура се на чекор од Ливерпул.

Како и што беше најавувано, Ливерпул ќе ја победи Рома во трката за Хрватот и Јирген Клоп за трансферот на Ковачиќ би требало да издвои околу 30 милиони евра.

Ковачиќ не е во плановите на Зинедин Зидан и очекувано беше ставен на трансфер листата, а изгледа дека во офанзивниот тим на Ливерпул би можел да се врати на старите патеки.

Истовремено овој извор наведуваше дека Лукаш Моура е блиску до Ливерпул. Бразилецот кој не е стандарден првотимец во ПСЖ, би можел со трансферот во Ливерпул да биде еден од главните фудбалери на овој клуб.

Доколку овој тандем навистина премине на “Енфилд”, средниот ред на Ливерпул би изгледал навистина застрашувачки, Чан, Ковачиќ, Моура, Фирмино и Кутињо.