Ливерпул со десет фудбалери го совлада Њукасл на „Сент Џејмс парк“ (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот англиски шампион Ливерпул славеше во дербито против Њукасл на „Сент Џејмс Парк“ со 2-1.

Вирџил Ван Дајк доби црвен картон во 28. минута од натпреварот, а голот на Гордон делуваше дека ќе биде доволно за три бода на Њукасл, меѓутоа така не мислеа гостите од Ливерпул.

Нуњез влезе на теренот во 77. минута и набрзо постигна гол за 1-1, а потоа во судиското надополнување погоди уште еднаш за целосен пресврт.

Њукасл во следниот меч гостува кај Брајтон, додека Ливерпул ќе се соочи против Астон вила.