Ливерпул спрема нов договор за Клоп


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул на крајот на сезоната ќе му понуди нов договор на Јирген Клоп.

Германскиот тренер се најде на мета на бројни критики што не освои ниту еден трофеј со Ливерпул, но како што стојат работите управата на тимот од Енфилд е задоволна со неговите резултати и ќе го наградат со нов договор.

Клоп го предводи Ливерпул од 2015 година, но овој тим тогаш се наоѓаше на осмата позиција на табелата. Веднаш во својата прва сезона тој играше во финалето на Лига Европа, а веднаш после тоа играше и во финалето на Лигата на Шампионите.

Истиот успех со Редсите го постигна и оваа година така што на 01.06 ќе играат во ново, повозбудливо финале на Лигата на Шампионите.

Секако, Ливерпул и понатаму има математички шанси за титула, а за тоа им потребно Брајтон против Сити да освои еден или три бод,а а Ливерпул на домашен терен да го победи Волверхемптон.

Вестите за новиот договор на Клоп се појавија во моментот кога италијанскиот великан Јувентус почна да размислува за тоа дека тренерот на Ливерпул би можел да биде наследник на Масимилијано Алгери.

Според пишувањата на странските медиуми, управата на тимот од Енфилд на Клоп ќе му понудат пет годишен договор и годишна плата од 10 милиони евра.