Ливерпул во последен момент го краде Азар?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако денеска излезе информација дека Борусија Дортмунд ги договорила услугите со Торган Азар, сепак медиумите во Германија пренесуваат поинаква вест.

Имено, од таборот на Мехенгладбах би прифатиле и помала понуда од некој друг клуб кој не се натпреварува во Бундеслигата за услугите на помладиот брат на Еден Азар. „Хет Њусблад“ пренесува дека токму таква понуда се очекува да стигне на адреса на Борусија Мехенгладбах и тоа од тимот на Ливерпул.

„Црвените“ од Мерсисајд се подготвени да испратат понуда од околу 40 милиони фунти за услугите на играчот кој оваа сезона има постигнато 12 погодоци на кои придодал уште 11 асистенции во вкупно 29 натпревари за својот клуб.