Ливерпул живее во кошмар: Ваков податок не паметат ниту најстарите навивачи!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул беше поразен на домашен терен од Барнли со 0-1, па така беше прекината серијата на шампионот од речиси четири години без пораз на „Енфилд“.

Тоа не им падна толку тешко на навивачите на Ливерпул, како што е фактот дека сезонава се блиску до уште еден негативен рекорд.

Ливерпул точно 440 минути не постигна гол во Премиерлигата во последните пет натпревари, а такво нешто не паметат ниту најстарите навивачи на шампионот.

Навистина неверојатен податок, кога ќе се земе во предвид каков напад имаат „црвените“ со Салах, Фирмино и Мане.

Во следното коло им следи дербито со Тотенхем, кој доаѓа во најлош можен момент за екипата на Клоп.