Локатели и сонот за Јувентус: Лажеш, знаеш и самиот дека лажеш…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот репрезентативец Мануел Локатели потпиша петгодишен договор со Јувентус и по пристигнувањето во тимот соопшти дека сон му било да игра за „Старата дама“.

„Јувентус. Приказната за големата љубов. Мојот детски сон. Желба која ја барав со години. Конечно пристигнав во Јувентус“, порача Локатели.

Еден од навивачите на „росонерите“ реши да му покаже фотографија на која во дресот на Милан исто така пиша дека му се исполниле детските соништа и му порача дека лаже.

Локатели на 11-годишна возраст стигна во Милан и дресот на тимот го носеше 10 години. Член на првата екипа беше во период од 2016 до 2019 година, а притоа одигра 63 натпревари за клубот од „Сан Сиро“.