Лоши вести од Њујорк: Ју-Ес опен ја спушти рампата за Ѓоковиќ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ најверојатно нема да настапи на последниот гренслем-турнир во сезоната, Ју-Ес Опен.

Иако уште нема официјално повлекување од негова страна, но во последното соопштение Ју-Ес опен порача дека ќе ги почитува сите ковид-мерки на Њујорк, а тоа подразбира забранет влез за странски државјани кои не се вакцинирани.

Тоа значи дека Ѓоковиќ најверојатно нема да настапи на турнирот во Њујорк, освен ако не се случи некој пресврт во последен момент, иако шансите за мали за такво нешто.

САД ги ублажи здраствените мерки, но не за странските патници, кои може да влезат во Америка само ако се вакцинирани.